За здружението Малешевци за Малешевијата.
Иницијатор за основање на здружението ,,Малешевци за Малешевијата” е познатиот бизнисмен со беровски корени Благој Механџиски кој воено е и еден од оснивачите, за повеќе од приоритет е враќањето на стариот еснафски дух со кој се одликува малешевскиот крај и по кој биле препознатливи самите Малешевци
Остнатани оснивачи на здружението се:
Ѓорѓи Пеовски (Претседател на Здружението)
Роберт Николов
Ванчо Габер
Васил Механџиски
Нашата мисија:
Основна мисија и цел на Здружението „Малешевци за Малешевијата„ е поддршка и развојот на општеството во кое социјално ранливи категории на граѓани се третираат еднакво во нивните права, преку директна интеракција за да ги подобриме економските, културните и образовните состојби. Исто така цел на Здружението е заеднички да ги вратиме малешевските граѓани кон корените и еснавскиот малешевски статус на региониот од каде почнала мисијата на словенските просветители св. Кирил и Методиј. Наша цел е да ја вратиме во живот Малешевијата со повикот „Сите за еден и еден за сите или Малешевци за Малешево„ , а како посебни цели и задачи се:
- Еднаш годишно сите кои живеат надвор од родниот крај да се вратат во Малешевијата
- Да се овозможи правна помош на сите кои во општествениот систем се обезправени
- Да се оствери поголема грижа за лицата со попреченост, со посебни здравствени потеби
- Да се подобри грижата за самци, бездомни лица и самохрани родители, а особено за маргинализираните и ранливи категории на граѓани
- Да се подигне на највисоко ниво заштитата на стари и изнемоштени лица.
- Да се унапред земјоделството, да се зачуваат шумите и да се искористат шумските плодови за одржлив развој
- Да се згореми постојниот стопански потенцијал и враќање на индустриските капацитети, занаетчиството, земјоделските ресурси кои с ена работ на изумирање
- Да се овозможи подршска за спортските и рекреативните здруженија кај младите лица, средношколците и старите лица
- Да се промовираат туристичките потенцијали преку различни активности и проекти од домашна и меѓународна поддршка
- Да се организираат и дасе учествува на семинари, предавања, симпозиуми, обуки, работилници, изложби, фестивали, јавни приредби, видео презентации и други манифестации во областа на културата и традицијата
- Да се издаваат информативни материјали, книги, брошури,филмови и други материјали за културата, традицијата, обичаите, народните игри и песни, интрументи, носии и други ументички манифестации
- Да се врши посредување во културата и дасе организира музичка и сценска уметничка дејност
- Да се учествува на меѓународни настани и фестивали и да се спроведуваат заеднички проекти на членовите на здружението
- Да се покренат иницијативи кај надлежните органи и институции во насока на остварување на целите и задачите на Здружението.
- Да се формираат тимови по области за имплементација на стратешеките документи на Здружението
- Организира и учествува во хуманитарни донации и настани
- Органицирање на локални, регионални, национални и меѓународни фестивали и други настани и манифестации
- Да се врши упис на нови членови
- Претставување и застапување на членовите.
- Вршење на други работи согласно Статут на здружението, Законите и Уставот на РСМ.