Настани

Милош Биковиќ ја посети Малешевијата, местото од каде влече корени.

При посетата на Берово, познатиот актер Милош Биковиќ кој влече беровски корени се сретна и со познатиот бизнисмен, хуманист и истакнат донатор Благој Механџиски – Зегин со кој според присутните имале конструктивен разговор.

Дали ќе произлезе нешто интересно од оваа средба останува да видиме, она што во повеќе наврати го има кажано познатиот актер е дека сака да дознае нешто повеќе за местото од каде потекнува неговиот прадедо Иван Биковски кој според преданијата бил војвода во четата на револуционерот Гоце Делчев.

Биковиќ во моментот е во етерот како главна ѕвезда во рускиот филм „Предизвик“. Тој е првиот филм кој некогаш бил сниман во вселената. Би било интересно да се види Биковиќ и во улога во која би го глумел неговиот прадедо.

Кога е Механџиски во прашање ваквите идеи не се неостварливи…останува сепак да видиме дали такво нешто би се случило во блиска иднина…!